Дома Останати Тенис Синер сака да продолжи да доминира: Во својот тим доведува екс-соработници на Ѓоковиќ

Синер сака да продолжи да доминира: Во својот тим доведува екс-соработници на Ѓоковиќ

Зад себе Италијанецот, Јаник Синер има фантастична сезона во која освои две грен-слем титули, а веќе 14 недели е на врвот на АТП листата и како најдобар светски тенисер веројатно ќе ја заврши годината.

Меѓутоа неговиот последен потег покажува дека има амбиции да не застане тука и да продолжи да доминира.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Имено, тој неодамна ги отпушти физиотерапевтите Умберто и Џакомо Налди по допинг скандалот, а сега изгледа избрал нивни замени. Синер е во завршни преговори Марко Паники и физиотерапевтот Клаудио Џимаља.

Посебно е интересно што двајцата во минатото беа во стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ. Во овој момент Синер на врвот на АТП има 4.000 бода предност во однос на Зверев на втората позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се распадна по поразот на Ролан Гарос: Можно е ова да е мојот последен натпревар тука

ЈАНИК СИНЕР обезбеди место во финалето на Ролан Гарос. Првиот тенисер во светот во полуфин…