Дома Трансфер зона Симеоне го носи Фабрегас во Атлетико Мадрид

Симеоне го носи Фабрегас во Атлетико Мадрид

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне сака да го донесе во своите редови Цеск Фабрегас од Челзи во зимскиот преоден рок.

Фабрегас станува слободен агент на крајот на сезоната, а неговата иднина на „Стенфорд Бриџ“ е неизвесна. Притоа, Шпанецот добива мала минутажа оваа сезона и е спремен да ја промени средината.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Атлетико внимателно ја следи ситуацијата и е спремен да го донесе плејмејкерот на „Ванда Метрополитано“ уште во јануари.

Челзи се уште не му предложил нов договор и е спремен да го пушти Фабрегас во јануари, доколку пристигне соодветна понуда.

Интерес за Шпанецот покажуваат неколку европски гиганти, но медиумите тврдат дека Атлетико е во пол позиција за неговиот потпис.

https://youtu.be/7n9iXBSMkSc

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…