Утрово беше објавено дека Барселона продала нови 24.5% од „Барса Студиос“ за 100 милиони евра, но зделката место со ГДА Лума е направена со „Орфеус Медиа“, компанија која е во сопственост на првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта.
Сега се чека да се види дали Лапорта ќе даде зелено светло за регистрација на новите играчи со овие нови 100 милиони евра. Во медиумите се огласи и сопственикот на „Орфеус Медиа“, Жауме Рурес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не знам што уште Барса треба да направи за да ги регистрира засилувања, но знам дека овие 100 милиони евра ќе бидат доволни да го видиме најдоброто“.
Тогаш новинарите го запрашаа дали очекува се да биде во ред и Барса да игра со најсилниот состав во првото коло.
„Мислите ли дека ќе го прекинев одморот ако сметав поинаку?“, кратко одговори Рурес.