Дома Фудбал Останато „Се чекаше тој натпревар за да се соопшти дека Тито починал“ 🎥

„Се чекаше тој натпревар за да се соопшти дека Тито починал“ 🎥

Недела 4, мај 1980 година е денот кога почина Јосип Броз Тито. Исто така на сплитскиот „Пољуд“ тој ден се играше натпреварот помеѓу Хајдук и Црвена Звезда и во текот на таа средба беше соопштено дека починал претседателот на СФРЈ.

Точно во 15:05 спикерот соопшти дека Тито починал после што следуваше неверување кај сите кои беа на стадионот, а потоа и солзи.

„Мој впечаток е дека се чекаше тој натпревар за официјално да се објави дека Тито починал“, изјави поранешниот македонски фудбалер и член на Звезда Бошко Ѓуровски во документарниот филм „Таа тажна сплитска ноќ“.

Покрај Ѓуровски за случувањата на тој ден во филмот зборуваат уште некои актери од тој натпревар – Душан Савиќ, Владимир Петровиќ Пижон, Зоран Филиповиќ како и Владимир Шенеуер кој во тоа време беше директор на стадионот „Пољуд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус започна преговори со Гатузо

Јувентус веќе ја започна потрагата по нов тренер за следната сезона, пренесуваат италијанс…