Прославениот англиски тренер Сем Алардајс смета дека Манчестер Јунајтед би можел дури и да испадне од лига.
Алардајс во кариерата тренираше многу англиски тимови како што се Евертон, Сандерленд, Кристал Палас, Вест Хем, Блекбурн, Њукасл, Болтон…И како таков секако е ценет на Островот, а во анализата на оваа сезона сериозно ги загрижи навивачите на Манчестер Јунајтед. Алардајс најави дека Јунајтед би можел дури и да испадне од лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оле Гунар Солскјер од почетокот на сезоната и клубот го има најлошиот старт на сезоната во последните 30 години. Алардајс во оваа сезона гледа сличности со сезоната 1974 година кога Јунајтед испадна од првата англиска лига.
„Тогаш на харија имаа одличен тим, а испаднаа. Ако ја изгубат самодовербата, а повредите продолжат да се редат. Јунајтед би можел да доживее слична судбина и оваа сезона. Играчите не можат да бидат толку способни кога ситуацијата е ваква, тоа е факт. Кога оди добро тие летаат, кога не оди тие се губат и остануваат без сила, мотив, енергија, самодоверба…“.
„Манчестер Јунајтед не постигнува голови, се мачи и се чуствува дека пати. Погба сака да замине и тоа дополнителен проблем, исто така на клубот му недостасува и вистински голгетер“, изјави Алардајс.