Дома Трансфер зона Се подготвува „бум“ во Италија: Ѕвездата на Јувентус може да се пресели во Рома?

Се подготвува „бум“ во Италија: Ѕвездата на Јувентус може да се пресели во Рома?

Федерико Киеза би можел да го напушти Јувентус ова лето, а како можна нова дестинација се споменува екипата на Рома.

Италијанските медиуми откриваат дека агентот на Киеза, Фали Рамадани престојувал во Рим во претходните денови каде што започнал преговори и доставил понуда до Јувентус од 20 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Киеза има договор до јуни 2025 година, па така Јувентус не може да бара преголема сума. Ова не е првпат да се споменува заминување на Киеза кој не беше во најдобра форма изминатата сезона. Веќе се шпекулираше дека Мота како ново крило го „пикирал“ Џејдон Санчо.

Киеза има 26 години и дресот на Јувентус го носеше на 131 натпревар во кои постигна 32 гола и подели 23 асистенции, додека за Италија запиша 51 настап и постигна седум голови.

Ако се пресели во Рим, Киеза би тргнал по стапките на Паоло Дибала кој претходно направи таков трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Лаурентис е на потег: ПСЖ ќе понуди 202 милиони евра за двете ѕвезди на Наполи?

Во моментите кога Реал Мадрид го претставува Килијан Мбапе, во Париз размислуваат за замен…