Дома Фудбал Репрезентации Се повеќе гласови против Мундијал на две години

Се повеќе гласови против Мундијал на две години

Шест фудбалски сојузи од северот на Европа денес го изрази своето незадоволство за идејата на ФИФА за Мундијал на две години.

Претставниците на нордиските земји сметаат дека таква одлука би била лоша за постоечките натпреварувања.

„Тој предлог може да го оневозможи нашиот сегашен модел на националните лиги и натпревари на репрезентациите“, се наведува во соопштението.

Нивното противење не е изненадување затоа што влијателни луѓе од тој регион се во врвот на Европската фудбалска унија, УЕФА. Швеѓанецот Карл-Ерик Нилсон ја извршува функцијата прв потретседател на УЕФА, додека член на извршниот одбор е Данецот Јаспер Молер. Сепак, повеќето нордиски земји никогаш не учествуваат на Светските првенства. Финска и Фарски Острови немаат учество, Исланд првпат настапи во 2018 година, а Норвешка не играла од 1998 година.

Данска во вторникот стана втората земја после Германија која го обезбеди пласманот на СП 2022, додека Шведска е лидер во својата група на две кола пред крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

После две години Тоти присуствуваше на „Олимпико“

Легендата на Рома, Франческо Тоти после две години присуствуваше на натпревар на Рома. Тот…