Дома Фудбал Се огласи Рамос: Операцијата беше единствена опција🎥

Се огласи Рамос: Операцијата беше единствена опција🎥

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос направи видео обраќање до фановите преку социјалните мрежи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


34-годишниот дефанзивец пред два дена беше успешно опериран, а сега објасни дека операцијата била единствено решение за да ги реши проблемите со менискусот на коленото.

Рамос ќе биде надвор од терените 6 до 7 недели и ќе пропушти многу важни дуели, меѓу кои и двомечот со Аталанта во Лигата на шампиони.

„Здраво на сите! Се се одвива според планот, работам за да се вратам на терените што е можно поскоро. Ви благодарам на сите за пораките и поддршката. Ги послушав советите на лекарите и операцијата беше единствено решение“, истакна Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лампард ја доби наградата за успехот со Ковентри!

Тренерот на фудбалерите на Ковентри, Френк Лампард (48), потпиша нов договор, со кој се вр…