Дома Фудбал Се огласи новинарот од Мадрид: Реал има тренер за наредната сезона!

Се огласи новинарот од Мадрид: Реал има тренер за наредната сезона!

Иако шпанските медиуми на големо шпекулираа дека Зинедин Зидан би можел да заработи отказ на крајот од сезоната, сепак Французинот можеби и ќе остане на клупата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Зидан тренерската епизода на „Бернабеу“ ја стартуваше навистина успешно, меѓутоа оваа сезона „кралевите“ прерано останаа без шанси да ја освојат лигата што беше разочарување за сите во Мадрид.

Сепак и покрај тоа Зидан ужива голема доверба во Реал, а за неговата иднина во мадритскиот клуб зборуваше новинарот од Мадрид, Едуардо Инди, кој вообичаено е добро упатен со случувањата во шпанскиот гигант.

“Ова се најновите информаиции. Реал Мадрид има тренер за наредната сезона и тоа е Зидан, дури и ако Реал не ја освои Лигата на шампионите тој ќе остане на клупата“, откри Инда и додаде:

„Во анкетата која ја спроведе Реал Мадрид 90% од навивачите изразија желба Зидан да продолжи со работата. Сите и понатаму му веруваат и неговата иднина во клубот воопшто не е доведена во прашање“, заврши Инда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жиру не мисли на пензија: На 40 години потпишува за нов клуб!

Легендарниот француски напаѓач Оливие Жиру во септември ќе наполни 40 години, но и покрај …