Дома Топ вести СЕ Е ПОЗНАТО: Мурињо во Манчестер Јунајтед ги сака овие пет играчи!

СЕ Е ПОЗНАТО: Мурињо во Манчестер Јунајтед ги сака овие пет играчи!

mourinho

Жозе Мурињо има јасен план кои играчи сака да ги види следната сезона на „Олд Трафорд“. Но, првата цел тешко дека ќе ја донесе.

Имено, Мурињо сериозно се заинтересира за Тоби Алдервалед, но на сите ни е јасно дека првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви е „тежок“ преговарач. Белгијанецот не е во првиот план на тренерот на Тотенхем, но од клубот му соопштија на Јунајтед дека станува збор за најдобриот стопер во лигата. Така, Леви ја постави цената од 75 милиони евра за овој играч. Доколку Јунајтед се согласи, Алдервалед би станал најплатен дефанзивец заедно со Ван Дијк.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Следните цели на Мурињо не би требало да бидат проблем за управата на клубот. Прв кој ќе пристигне најверојатно е Фред од Шахтјор, кој беше цел и на Манчестер Сити, но Гвардиола се откажа. Доколку Погба го напушти Јунајтед, клубот ќе мора да бара играчи за врска, а главна цел е играчот на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ. Јунајтед исто така е заинтересиран за Вилијан кој сака да го замени со Марсијал. Доколку тоа не се случи, овој играч ќе си замине од клубот некаде надвор од Англија.

И последната цел е играчот на Монако, Џибрил Сидибе. Тој доколку пристигне, би ја завзел позицијта лев бек откако што Јувентус дефинитивно нема да го пушти Алекс Сандро. Мурињо има уште неколку желби да го засили средниот ред и одбраната, а на располагање ќе има 300 милиони евра за засилувања. Тие се оние последни 300 милиони кои ќе ги добие за да се обиде да го промени Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Перез ја сака младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал средба со крилниот напаѓач на Манч…