Дома Останати Сефте злато за Кети Ледеки на Светското првенство во Будимпешта

Сефте злато за Кети Ледеки на Светското првенство во Будимпешта

Американката Кети Ледеки го освои својот прв златен медал на светското првенство во пливање, кое се одржува во Будимпешта. Ледеки оствари доминантна победа на трката на 400 метри слободни.

Кети Ледеки на трката на 400 метри слободно победи со време 3:58.34 минути, што е нов рекорд на светските првенства. Ледеки го држи светскиот рекорд во оваа дисциплина, на ОИ во Рио таа пливаше 3:56.46 минути.

Американката во Будимпешта ги одбрани златните медали во оваа дисциплина од Барселона 2013 и Казањ 2015.

Нејзината сонардоничка Леа Смит го освои сребрениот медал, додека бронзата и припадна на Ли Бингџие од Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вилагош добива 10.000 евра, Трипковиќ доживотно месечно примање

Србија ги награди освојувачите на европски и светски медали и нивните тренери, а посебно н…