Дома Фудбал Италија Семејно насилство!? – Нормални ли сте, Дибала даде гол!

Семејно насилство!? – Нормални ли сте, Дибала даде гол!

Соседите пријавиле насилство, а на вратата веднаш им се појавила и полицијата….

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Неверојатна ситуација и вест ни пристигнува од Италија. Голот на Паоло Дибала против Тотенхем во Лигата на шампионите предизвика вистински „земјотрес“ помеѓу навивачите на Јувентус во Италија, но и во светот.

Некои од нив дури и претераа со славјета и гласното прославување, па во една населба соседите повиквале полиција бидејќи сметале дека се работи за семејно насилство.

„Мојот сосед ја изгуби главата, брзо помагајте, ги тепа жената и детето“, гласел повикот до полицијата во Торино.

Секако, полицијата за краток период се појавија пред вратата каде што имало „семејно насилство“. Домаќиот секако бил зачуден и не знаел што се случува.

„Какво насилство дали сте нормални, Дибала постигна гол, славиме!“, одговорил навивачот на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Леао се пожали за тоа што му се случувало во Милан и откри каде сака да продолжи

Рафаел Леао веќе потврди дека ќе го напушти Милан ова лето, а сега откри и каде би сакал д…