![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2024/03/Screenshot-2024-03-01-154821-850x491.jpg)
Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп се огласи за скандалот со Пол Погба и според него тој не користел намрно допинг.
Пред домашните медиуми Дешамп изјави дека познавајќи го Погба е сигурен дека тоа што се случило не било по вина на Погба.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
„Не можам да замислам во ниту еден момент дека Погба со намера земал допинг. Го познавам и знам дека тој не е таков човек. Неспорно е дека неговиот примерок беше позитивен, меѓутоа сигурен сум дека тоа не го направил со намера“, изјави Дешамп.
Вчера беше потврдена суспензијата на Погба од четири години која веројатно ќе значи и крај на неговата кариера бидејќи има 31 година, а во последниот период пред скандалот често беше повреден.