Дома Трансфер зона Севиља го враќа Андре Силва во Милан

Севиља го враќа Андре Силва во Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Севиља ќе го врати Андре Силва во Милан на крајот на сезоната.

Напаѓачот е на позајмица во Севиља, а во договорот има клаузула според која шпанскиот клуб може да го откупи на крајот на сезоната за 35 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И покрај фактот што Андре Силва покажува одлични партии во Примера оваа сезона, сепак Севиља нема намера да го откупи неговиот договор и ќе го врати Португалецот на „Сан Сиро“.

Наводно Севиља побарала од Милан „попуст“ при откупот, но „росонерите“ не секаат да слушнат за такво нешто бидејќи во моментов постои голем интерес за Силва од многу европски клубови.

Јасно е дека за Андре Сила нема место на „Сан Сиро“ бидејќи тешко дека ќе се избори за минутажа покрај Пјонтек и Кутроне, па најверојатно на лето ќе биде продаден на друг клуб.

Целата ситуација будно ја следи Барселона, која веќе го информирала Милан дека е заинтересирана за напаѓачот.

„Росонерите“ се спремни да го продадат Португалецот и ја чекаат конечната одлука на Севиља, за да можат да преговараат со заинтересираните клубови.

Доколку Севиља не го откупи Андре Силва, многу е веројатно дека тој ќе се пресели на „Камп Ноу“ за сума од 40 милиони евра, тврди „Мундо Депортиво“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…