Дома Трансфер зона Саул Нигез побара трансфер, Баерн и Јунајтед спремаат понуди

Саул Нигез побара трансфер, Баерн и Јунајтед спремаат понуди

Играчот за врска на Атлетико Мадрид го притиска раководството да го пуштат да направи трансфер ова лето, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


26-годишниот Шпанец веќе подолго време е трансферна цел на неколку европски гиганти, а ова лето сака да ја промени средината.

Баерн Минхен во моментов покажува најсериозен интерес за Саул Нигез, но ситуацијата ја следат и Манчестер Јунајтед и Челзи.

Атлетико е спремен да му ја исполни желбата на Саул Нигез, но за неговата слобода бара најмалку 60 милиони евра.

Симеоне како замена за Шпанецот го сака аргентинскиот репрезентативец, Родриго де Паул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…