Дома Фудбал Саудијците се налутија на газдата на Наполи: Тргнете се од патот, да не ве казниме!

Саудијците се налутија на газдата на Наполи: Тргнете се од патот, да не ве казниме!

Одличниот шпански фудбалер за врска, Габри Виега беше голема желба на Реал Мадрид и Наполи, но на крајот тој се пресели во саудискиот Ал Ахли.

Виега беше одличен минатата сезона во Ла Лига. Во текот на првата комплетна и оваа сезона во една од најсилните лиги во светото одигра 36 натпревари и запиша 11 асистенции, а постигна четири гола.

Саудијците на Селта и платија сума од 40 милиони евра, по завршувањето на трансферот испратија порака до Наполи.

„Следната сезона доаѓаме кај тебе и ќе го купиме Лоботка. Тргнете ни се од патот за да не ве казниме“, е пораката која ја испрати сопственикот на Ал Ахли до Де Лаурентис, првиот човек на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го запре налетот на Комо: Два гола за 19 минути и нов удар за Фабрегас

Еспозито и Турам ја решија пресметката на „Сан Сиро“ со 2-0, а Комо по шест победи во низа…