Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Саудгејт: Спремни бевме да приредиме ноќ за паметење за нашите навивачи

Саудгејт: Спремни бевме да приредиме ноќ за паметење за нашите навивачи

Фудбалската репрезентација на Италија стана шампион на Европа откако во финалето ја победи Англија после изведувањето на пенали.

После овој натпревар селекторот на Англија, Герет Судгејт ја презема вината на себе и најагласи дека ова е пораз кој боли.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


„Топката беше сурова. Чувствувавме дека можеме да ја направиме државата и народот горди, сите гледавме кон тој пат. Имавме една цел. Бевме спремни да припредиме ноќ за паметење на нашите навивачи, но се случи што се случи“.

„Повторувам, овој праз боли, но им честитам на Италијанците. Одиграа одличен турнир, во одбраната изгледаа цврсто што е и можеби клучно за нивниот резултат“, изјави Саудгејт.

Англија пет децении чекаше да игра едно големо финале, меѓутоа горкиот вкус останува.

„Кога се ќе се погледне можеби и не треба да бидеме незадоволни затоа што игравме финале на големо натпреварување после пет децении. Сепак, заедно одевме кон една цел, имавме само една желба, па останува да жалиме. Ќе анализираме се што направивме и ќе се насочиме кон нови предизвици“, порача англискиот селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

(Видео) Двапати одби да излезе од игра: Клубот му го раскина договорот

Коканд 1912 извојува победа против Кизилкум со 2:1 во 21. коло на узбекистанското фудбалск…