Дома Фудбал Англија Сари постави УЛТИМАТУМ: Челзи повеќе нема време за чекање…

Сари постави УЛТИМАТУМ: Челзи повеќе нема време за чекање…

Бразилецот никако да пресече, а Челзи стана нетрпелив. Останаа уште само неколку дена до крајот на преодниот рок, а Бернард никако да пристигне на „Стемфорд Бриџ“.

Сари сака да го засили тимот, успеаа да го задржат Азар, веројатно и Вилијан, но Италијанецот сака нови играчи во тимот за да успее да го воспостави својот стил на игра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Го доведоа Жоржињо, а многу играчи беа блиску до Челзи, па на крајот нема да го облечат дресот на „Плавите“. Игуаин, Ругани, Бонучи, Марсијал, Головин, а можеби на овој список ќе се најде и Бернард, како и младиот Бејли.

Бернард е веројатно најдобриот слободен играч кој во моментов е достапен, па затоа го посакуваат многу екипи, а токму затоа би пристигнал како слободен играч, тој сака што подобри услови. Челзи дефинитивно може да му понуди висока плата за да го привлече овој играч, но има рок до следниот четврток тоа да го направи.

25-годишниот играч од Шахтјор одлично би се вклопил во системот на Сари, но не треба да се отпише и Милан. Италијанскиот клуб веројатно ќе го почека следниот четврток, па потоа ќе тргне со сите сили по Бразилецот доколку тој не потпише за лондонскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Пјер-Емерик Обамејанг ќе игра во Саудиска Арабија

Екипата на Ал Кадсија на својата официјална веб-страница објави дека потпиша договор со на…