Дома Фудбал Англија Сари го критикуваше дека не е лидер, сега стигна одговорот од Азар

Сари го критикуваше дека не е лидер, сега стигна одговорот од Азар

Белгискиот репрезентативец и прва ѕвезда на Челзи, Еден Азар после вчерашниот натпревар против Тотенхем му возврати на тренерот Маурицио Сари.

Челзи вчеа го порази Тотенхем и се пласираше во финалето на Лига Купот, а пред овој натпревар италијанскиот стратег на клупата на „сините“ зборуваше за Еден Азар и во таа прилика порача дека тој не е лидер.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Еден од новинарите го запраша Белгиецот дали таа изјава дополнително го мотивира, а Азар одговори дека не му е важно што Сари зборува.

„Не ми е важно што тренерот зборува. Сакам само да играм фудбал и среќен сум“, изјави Азар после натпревар.

Иначе, Азар против Тотенхем беше избран за играч на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Meси си ја отвори душата за еден од најтешките моменти: Сакав да се убијам, се исплашив…(Видео)

Аргентинската фудбалска легенда Лионел Меси повторно го покажа своето човечко лице споделу…