Дома Трансфер зона Сапуницата продолжува: Брозовиќ со една фотографија ги збуни фановите

Сапуницата продолжува: Брозовиќ со една фотографија ги збуни фановите

Доцна вчера вечер Фабрицио Романо објави дека трансферот на Марсело Брозовиќ во Ал Наср е завршена работа, но денес се појави проблем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се очекуваше дека има договор помеѓу Интер и Ал Наср, но во последен момент Саудијците ги промениле условите. Требаше тие на „нероаѕурите“ да им исплатат 23 милиони евра и првично немаше никаков проблем, но потоа, откако се договорија со Брозовиќ испратиле понуда од 15 милиони евра фиксно и 13 преку бонуси.

Интер тогаш го стопираше трансферот и засега тоа се последните информации.

Во меѓувреме Брозовиќ објави фотографија од плажа, која малку ги збуни фановите кои очекуваа тој веќе да е медицински прегледи по вчерашната објава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…