Дома Актуелно Санчез одби 21 милиони по сезона

Санчез одби 21 милиони по сезона

Алексис Санчез ќе го напушти Арсенал или во јануари или на лето, тоа е сега сосема јасно.

Договорот му истекува, околу нов повеќе не се зборува, само е прашање каде поранешниот фудбалер на Удинесе и Барселона ќе ја продолжи кариерата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


По се изгледа Санчез се чува за Манчестер Сити, кој веќе во јануари повторно ќе се обиде да го донесе, за што не успеа во текот на летото.

Имено, тој сега одбил понуда од Кина според која би заработувал 21. милиони фунти по сезона, од причина што сеуште се надева дека ќе премине во тимот на Гвардиола.

Како што кажавме, Сити се обиде да го донесе во текот на летото, но Арсенал одби да го продаде бидејќи не успеа да му најде замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Руни „распали“ кон ѕвездите на Јунајтед: Немате ниту страст, ниту желба…

Вејн Руни, легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, смета дека тренерот Рубен Аморим мо…