Крилниот напаѓач на Баерн Минхен наскоро би можел да се врати во Премиер лигата пишуваат медиумите на Остров.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според последните најави 25-годишниот фудбалер има намера да го напушти германскиот клуб во зимскиот преоден рок. Наводно Сане не е задоволен од тоа што не е најдобро прифатен од навивачите и често пати е мета на критики.
Интерес за германскиот фудбалер наводно покажале Челзи, Арсенал и Тотенхем. Најмногу шанси за ангажман на Сане му се даваат на Челзи кој ја брани титулата во најелитното европско натпреварување.
Сане во Баерн Минхен пристигна во јули 2020 година, претходно го носеше дресот на Манчестер Сити.