Дома Фудбал Англија Сандро Тонали доби нова суспензија

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сега од страна на ФА за обложување во Англија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Казната му ја изрече Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лука Вушковиќ стана втор најскап хрватски фудбалер во историјата!

Хрватскиот репрезентативен дефанзивец Лука Вушковиќ потпиша за Брајтон, доаѓајќи од Тотенх…