Дома Фудбал Германија Салихамиџиќ за првпат се огласи за отказот на Нагелсман: Најтешката одлука која сум ја донел…

Салихамиџиќ за првпат се огласи за отказот на Нагелсман: Најтешката одлука која сум ја донел…

Еден ден откако Баерн го официјализираше отказот на Јулијан Нагелсман и доаѓањето на Томас Тухел, се огласи спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ.

„Ова беше најтешката одлука што ја донесов откако сум спортски директор на Баерн. Имав многу отворен, доверлив и пријателски однос со Јулијан уште од првиот ден. И навистина жалам што се разделивме“, изјави Хасан Салихамиџиќ ден по официјализирањето на тренерската смена во Баерн.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Сепак, по сите анализи за развојот на тимот од спортска страна, особено од јануари до сега, и со искуството што го имавме во вториот дел од сезоната минатата година, заедно донесовме одлука да го смениме Јулијан.

Во март минатата година имавме неконстантни игри, потоа повторно во септември и сега повторно – победивме на пет од десет натпревари во Бундеслигата. Кога тоа ќе се случи, тогаш треба да реагирате. Не беше лесна одлука“, додаде Салихамиџиќ и заклучи:

„Исклучително сум му благодарен на Јулијан за се што направи за Баерн и му посакувам се најдобро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Арсенал ја сака младата ѕвезда на Реал

Арсенал покажува сериозен интерес за талентираниот играч од Реал Мадрид, Арда Гулер. Некои…