Дома Фудбал Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018 Салах тренираше со тимот: Се надевам дека ќе играм на првиот меч!

Салах тренираше со тимот: Се надевам дека ќе играм на првиот меч!

0

Првата ѕвезда на Египет, Мохамед Салах добро се рехабилитира од повредата и денес го одработи целиосниот тренинг со остатокот од тимот.

Иако лекарот на репрезентацијата на Египет Ихаб Лахити не сакаше да даде конкретна изјава дали играчот на „црвените“ ќе биде подговтен, сепак Салах се надева дека ќе биде спремен за игра.

„Сега се чувствувам многу подобро. И се надевам дека ќе играм од првиот натпревар. Но дали ќе се случи тоа, дали ќе започнам како стартер, зависи како ќе се чувствувам во деновите и часовите пред средбата“, изјави Салах.

Минатата сезона Салах одигра 52 натпревари и постигна 44 гола, што му обезбеди две индивидуални награди во Англија, како и награда во Африка за фудбалер на годината

Неговиот Египет првиот меч на Мундијалот ќе го игра против Уругвај во петок.

Коментари
loading...
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018

Проверете

Роналдо ја промени историјата: Го мина Пушкаш и стана најефикасен Европеец!

Кристијано Роналдо со голот против Мароко дојде до 85-от гол за Португалија и со тоа стана…