Дома Фудбал Сака да ја избегне Барселона, но за прв фаворит смета друг тим – Масимилијано Алегри

Сака да ја избегне Барселона, но за прв фаворит смета друг тим – Масимилијано Алегри

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри го откри според него фаворитот за освојување на Лигата на шампионите оваа сезона.

Јувентус предводен од Алегри се избори за пласман во Лигата на шампионите, а покрај италијанскиот претставник во оваа фаза се пласираа уште, Ливерпул, Манчестер Сити и Реал Мадрид, а денес ќе добиме нови два патници помеѓу осумте најдобри.

Според Алегри прв фаворит за освојување на Лигата на шампионите е мајсторот за ова натпреварување, Реал Мадрид.

„Реал Мадрид е фаворит за освојување на трофејот. Тие се сконцентрирани само на натпреварите во ова натпреварување и не постои ниту еден друг тим кој знае да одигра толку добро во најсилното европско натпреварување“, изјави Алегри.

Иако за Алегри Реал Мадрид е фаворит за трофејот, сепак тој неодамна истакна дека единствениот тим кој сака да го избегне е Барселона.

Ждрепката за ¼ финалето ќе биде одржана во петок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија оди по нов успех во Струга, Криезиу предупредува на ситните детали

Струга и Шкендија се среќаваат во 13. коло, а Алмир Криезиу ја нагласува важноста на психо…