Дома Фудбал Англија Руни упати жестоки критики до ѕвездите на Манчестер Јунајтед

Руни упати жестоки критики до ѕвездите на Манчестер Јунајтед

Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Вејн Руни упати жестоки критики до ѕвездите на „црвените ѓаволи“ и истакна дека не даваат се од себе.

Манчестер Јунајтед игра многу лошо во последно време, а дното го допре со поразот од 0-5 против Ливерпул.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Не е лесно да се гледаат такви натпревари. Забележав дека премногу фудбалери не сакаа да трчаат во одбрана. Имаше многу кои не дадоа се од себе за дресот на тимот, а тоа е недозволиво. Ова се одлични фудбалери, но мора да дадат сѐ за екипата“, вели Руни.

„Фудбалерите на Јунајтед мора да си постават некои прашања, да се погледнат себеси. Премногу е лесно за менаџерот да ги прифати сите критики кога оние играчи кои добиваат многу пари за да ја завршат својата работа, не се снаоѓаат доволно добро. Имаат високи барања, а гледам премногу играчи кои не сакаат да трчаат“, додаде Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона пред натпреварот со Звезда доби казна од УЕФА

Eвропската куќа на фудбалот денеска соопшти дека Барселона добила казна поради која ќе бид…