Дома Фудбал Румениге: Европското првенство мора да се игра во една држава

Румениге: Европското првенство мора да се игра во една држава

Прославениот германски фудбалер и директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге смета дека Европското првенство мора да се одигра во една држава поради пандемијата со коронавирус.

Румениге истакна дека знае дека претседателот на УЕФА, Александар Чеферин сериозно ја разгледува можноста ЕП да се одигра во една држава.

Според првичниот план, Европското првенство треба да се одигра во 12 земји, а Македонија настапите ќе ги има во Букурешт и Амстердам.

„Тогаш Европската комисија имаше желба фудбалот да се игра во цела Европа. Сега ситуацијата е поинаква. Сметам дека УЕФА ќе донесе паметна одлука. Во ваква ситуација ЕП мора да се игра во една држава“, истакна Румениге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…