Антонио Рудиер најверојатно ќе го напушти Челзи на крајот на сезоната, а наскоро и официјално ќе започна преговори со другите заинтересирани клубови.
28-годишниот дефанзивец влезе во последната година од договорот со Челзи, а двете страни се далеку од договор во моментов.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Информациите на англиските медиуми се дека последната понуда на „сините“ не е доволна за да го убеди да остане.
Челзи му понуди на Рудигер нов договор кој му гарантира зголемување на неделната плата од 90.000 на 140.000 фунти, но германскиот репрезентативец бара дури 200.000 фунти.
Реал Мадрид се споменува како идна дестинација на Германецот, затоа што е подготвен да ги прифати финансиските барања на Рудигер и да го донесе без обештетување.