Дома Луд Спорт Роналдо татко по втор пат – очекува близнаци!

Роналдо татко по втор пат – очекува близнаци!

Португалската суперѕвезда Кристиано Роналдо повторно ќе стане татко, објави британскиот таблоид „Сан“ повикувајќи се на член на фамилијата на фудбалерот на Реал.

Сурогатната мајка од западното крајбрежје на САД на која и платил Роналдо треба да се породи многу скоро, и на свет ќе донесе близнаци.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Кристијано и неговото семејство немаат трпение да се запознаат со новите членови на фамилијата. Роналдо се труди да не открива ништо за личниот живот, но рекол на семејството и блиските пријатели дека очекува наскоро да стане татко наблизнаци“,изјавил роднината на Португалецот за „Сан“.

И првото дете на Роналдо, Кристиано жуниор е роден од сурогат мајка, но овој потег на фудбалерот е чуден бидејќи сега има девојка, Георгина за која медиумите тврдат дека наскоро ќе му стане сопруга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Ливерпул спреми богата понуда за Пулишиќ

Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Милан и американски репрезентативец Кристиан…