Веќе неколку дена Кристиано Роналдо се наоѓа на насловните страници на медиумите, но овој пат за тоа не се заслужни неговите фудбалски достигнувања.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Американката Кетрин Мајорга излезе во јавност со обвинение на Роналдо за силување, па иако Португалецот ги отфрла таквите обвинувања јасно е дека тие оставија трага на неговиот углед.
Поради наводниот инцидент од 2009 година и обвиненијата на Мајорга лицето на Кристиано Роналдо е тргнато од сите можни сајтови и профили на „ЕА Спортс“ на социјалните мрежи, но и од рекламниот банер за FIFA 19
Поради скандалот се огледи и најскапиот спонзор на Роналдо, компанијата „Најк“ кој има склучен договор со 33-годишниот фудбалер вреден милијарда долари.
„Загрижени сме за вознемирувачките обвинувања и ќе го продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата”, се вели во соопштението на светски познатиот производител на спортска опрема. Слично соопштение издаде и компанијата „ЕА Спортс“.