Дома Фудбал Роналдо: Меси е гениј, Кристиано е уникат

Роналдо: Меси е гениј, Кристиано е уникат

Легендарниот, многумина ќе кажат вистинскиот Роналдо направи споредба помеѓу двете најголеми ѕвезди на денешниот фудбал Кристиано Роналдо и Лионел Меси.

„Со својот неверојатен победнички менталитет и пристап на игра, Кристиано Роналдо е уникатен играч. Тој е технички добро поткован и времето ќе покаже кое место историјата го чува за него. Најдобрата работа која можеше да му се случи е што од Манчестер Јунајтед премина во Реал Мадрид“.

„Покрај тоа, морам да признаам дека Лионел Меси носи многу повеќе магија во фудбалот. Со својот дриблинг, со целото свое комплетно знаење како и спосовноста да направи изненадувачки потег во нападот, Меси претставува вистински фудбалски гениј“.

На крајот тој повторно зборуваше за Роналдо и испрати порака, кој може да се однесува и на Лионел Меси.

„Тој во дресот на Реал Мадрид стана комплетен играч, но вистина е дека освојувањето на Светското првенство секогаш помага кога се работи за влегувањето во приказната за најдобри фудбалери на сите времиња“, додаде стариот Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…