Дома Фудбал Останато Роналдо и друштвото слават гол за победа, а не неколку метри од нив се развеа македонското знаме 🎥

Роналдо и друштвото слават гол за победа, а не неколку метри од нив се развеа македонското знаме 🎥

Вчера Манчестер Јунајтедо одигра фантастичен натпревар и по негатива од 0:2 на полувремето стигна до победа од 3:2 против Аталанта.

Посебно интересно за нас е што при голот на Роналдо за водство од 3:2 кога 70.000 фанови еруптираа на „Олд Трафорд“ во центарот на вниманието на камерата беше македонското знаме со сонцето од Кутлеш.

Токму пред македонскиот навивач Роналдо и соиграчите го славеа важниот гол за победа. Инаку станува збор за Александар Зелениковски кој е член на фановите на Манчестер Јунајтед во Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Коло Муани направи операција, но нема да пропушти натпревари на Јувентус

Напаѓачот на Јувентус, Рандал Коло Муани, настрада при победата над Аталанта со 2:0 во нат…