Дома Фудбал Роналдо: Зборуваат за мене дека сум деликвент, а немаат поим!

Роналдо: Зборуваат за мене дека сум деликвент, а немаат поим!

Кристиано Роналдо постигна 25 или повеќе голови во осум последователни сезони, и со ова го изедначи учинокот на Меси.

Но, по триумфот во Малага, Роналдо ја отвори душата во разговор за „Марка“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Луѓето зборуваат за мене дека сум деликвент, Не сум светец, но не сум ни ѓавол. Тие кои зборуваат за мене немаат поим. Не гледам ТВ бидејќи многу лошо се зборува за мене надвор од фудбалот. Кога луѓето зборуваат за Кристиано, тоа е лошо“, изјави Роналдо.

„Фудбалските критики не ме загрижуваат бидејќи знам дека за тоа нема што да кажам. Секогаш кога зборувам, луѓето во рацете држат два камења. И јас имам семејство, мајка, син и не сакам да гледам како ме споредуваат со некој што прави глупости. Јас не правам глупости“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одреден датумот на кој ќе се игра финалето на Светското клупско првенство, фудбалерите веќе критикуваат

Финалето на Светското клупско првенство во 2025 година ќе се одржи на стадионот „Меклајф“ …