Дома Фудбал Останато Роналдо за ривалството со Меси: Готово е – заврши!

Роналдо за ривалството со Меси: Готово е – заврши!

Кристијано Роналдо истакна дека неговото ривалство со Лионел Меси е завршено.

Пред продолжување од квалификациите на Европското првенство 2024, Роналдо порача дека ривалството помеѓу него и Меси било „здраво“ и добро за навивачите.

Португалецот минатата зима ја напушти Европа и премина во Ал Наср од Саудиска Арабија, додека Меси се одлучи за МЛС лигата.

„Ривалитетот е завршен. Беше добар и здрав кој на навивачите многу им се допадна. Кој го сака Роналдо не мора да го мрази Меси и обратно, двајцата сме добри. Ја променивме историјата. Цените сме во целиот свет, тоа е најважно. Тој има свој пат, јас мој, дури и ако играме надвор од Европа. Како што кажав ја делевме истата бина 15 години и на крајот бевме, не би кажал пријатели, бидејќи не сме излегле на вечера, но професионални колеги и се почитуваме еден со друг“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо 978. гол во кариерата му го “украде” на соиграчот. Погледнете ја неговата реакција

КРИСТИЈАНО Роналдо го постигна својот 978. гол во кариерата и донесе победа на Ал Наср про…