Дома Трансфер зона Рома го „украде“ Кумбула пред носот на Интер

Рома го „украде“ Кумбула пред носот на Интер


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома е на чекор од комплетирање на трансферот на Мараш Кумбула од Верона.

Кумбула го привлече вниманието на многу клубови од цела Европа, но медиумите во Италија тврдат дека е позната неговата следна дестинација.

Интер и Лацио веќе подолго време водеа преговори со неговиот агент, но во моментов најблиску до неговиот потпис е Рома.

„Волчицата“ постигна комплетен договор со Верона за трансфер вреден 30 милиони евра и сега ги договара последните детали со агентот на албанскиот репрезентативец.

Кумбула се промовираше во еден од најперспективните дефанзивци во Серија А, па сигурно ќе биде големо засилување за Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Потврдено: Мекени го напушта Јувентус, продолжува во Премиер лигата

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Maсимилијано Алегри денес потврди дека Весто…