Еден од клучните играчи на Рома оваа сезона, Диего Пероти стави потпис на нов договор и се обврза на верност кој „волчицата“ до 2021 година.
Ова е награда од клубот за добрите партии на Аргентинецот, кој сега доби подобри финансиски услови и подолг договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
29-годишниот крилен фудбалер пристигна во Рома во јануари 2016 година од Џенова и од тогаш одигра 78 меча за „волчицата“ на кои постигна 17 гола.
„Во Рим се чуствувам фантастично. Сигурен сум дека ова е вистинското место за мене и среќен сум што потпишав нов договор“, истакна Пероти.
OFFICIAL | ✍️ | Diego Perotti has signed a new contract with the club until June 2021! ?❤️
#ASRoma #Perotti pic.twitter.com/YbfoRN4U2V— AS Roma English (@ASRomaEN) December 7, 2017