Дома Фудбал Роберто Карлос се врати во Реал Мадрид!

Роберто Карлос се врати во Реал Мадрид!

0
carlos

За почеток ќе работи во младинскиот тим.

Роберто Карлос се врати во Реал Мадрид и ќе биде дел клубот каде што некогаш со успех играше на зелениот терен.

Бразилската фудбалска легенда неодамна учеше за тренерска ПРО лиценца во Србија. Низ медиумите во Србија можеше да се прочита неговото име како  потенцијален тренер на Војводина, но Карлос сега пронајде ангажман во Реал Мадрид.

Познатиот Бразилец се враќа на „Сантијаго Бернабеу“ како дел од стручниот штаб на Маноло Диаз. Диаз е тренер на младинскиот тим на Реал Мадрид. Карлос после завршувањето на кариерата работеше како амбасадор на „кралевите“, а сега добива нова должност.


Следете го Sportski.mk и на


Конкретно неговата задача ќе биде да работи индивидуално со најталентираните играчи од академијата на Реал Мадрид. Освен тоа тој ќе биде редовен и на тренинзите на првиот тим каде што командува неговиот поранешен соиграч Зинедин Зидан.

Во својата кариера Карлос за Реал Мадрид настапуваше цели 11 години од 1996 до 2007 година. Освен дресот на „кралевите“ беше дел уште од: Униао Сао Жоао (1991-1993), Атлетико Минеиро (позајмица во 1993), Палмеирас (1993-1995), Интер (1995-1996), Фенербахче (2007-2009), Коринтијас (2010-2011), Анжи Махачкала (2011-2012) и Делхи Динамос.

Репрезентативец на Бразил со кој имаше голем успех беше од 1992 до 2006 година и во тој период запиша 125 настапи.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити – Тотенхем: Сити нема време за жалење, сака брза одмазда

Ова ќе биде втор меѓусебен дуел помеѓу овие две екипи за само неколку дена, по натпреварот…