Дома Фудбал Реклама за фудбал на „Стенфорд Бриџ“, Сити и Челзи ремизираа со осум гола🎥

Реклама за фудбал на „Стенфорд Бриџ“, Сити и Челзи ремизираа со осум гола🎥

Челзи и Манчестер Сити го одиграа еден од најдобрите натпревари во Премиер лигата, кој на крајот заврши без победник (4:4).

Ерлинг Халанд од пенал донесе водство за Сити, но потоа со головите на Тиаго Силва и Рахим Стерлинг Челзи направи пресврт. Пред крајот на првиот дел Сити израмни на 2-2 преку Аканџи.

На стартот од второто полувреме по вторпат во листата на стрелците се запиша Халанд, но неколку минути подоцна Џексон израмни на 1:1.

Во последните десетина минути видовме вистинска драма. Најпрво Родри погоди  за водство на Сити, но во судиското продолжение беше досуден пенал за Челзи, а сигурен реализатор беше Палмер за 4:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Келси се врати со два гола, Ренџерс со „четворка“ му се приближи на Селтик

Ренџерс го совлада Сент Џонстон со 4-0 на „Ајброкс“ и стигна до седмата победа во последни…