Дома Фудбал Реал со Солари освои повеќе бодови од Барселона

Реал со Солари освои повеќе бодови од Барселона

0

Тимот на Реал Мадрид ја започна сезоната разочарувачки под водство на Хулен Лопетеги, но со доаѓањето на Сантиаго Солари на кормилото постепено ситуацијата се стабилизира и „кралевите“ ја намалија разликата со лидерот Барселона.

„Марка“ реши да провери како изгледа табелата откако Солари седна на кормилото на Реал Мадрид, во спореба со табелата коха Лопетеги ги водеше „кралевите“.

Во десетото коло, после кое Лопетеги беше ослободен од тренерската функција на „Сантиаго Бернабеу“, Реал се наоѓаше на 9-то место со само 14 освоени бода, со 4 победи, 2 ремија и 4 порази, а гол разликата беше 14:14. „Кралскиот“ клуб во тој момент заостануваше зад Барселона со 7 бода, после само десет одиграни кола.


Следете го Sportski.mk и на


Во моментов, после 23 одиграни кола, Реал Мадрид е втор на табелата со 45 бода, 14 победи, 3 ремија и 6 порази, а гол разликата е позитивна, 40:27. Во моментов Реал заостанува 6 бода зад Барселона.

Меѓутоа, ако се гледаат само 13-те меча на кои Солари е на клупата на „кралевите“, Реал ќе беше лидер во Примера со 31 бод, 10 победи 1 реми и 2 порази. Во истиот период Каталонците се втори на табелата со 30 бода, 9 победи, 3 ремија и 1 пораз.

Во последното коло Реал Мадрид победи во градското дерби против Атлетико, додека Барселона одигра реми на гостувањето кај Атлетик Билбао.

Со тоа „кралевите“ се искачија на втората позиција на табелата и имаат само 6 бода заостаток зад лидерот, па слободно можеме да кажеме дека битката за титулата во Примера повторно се „разгоре“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јаховиќ направи глупост и заработи црвен картон против Фенербахче (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач од редовите на Коњаспор Адис Јаховиќ направи несфатлив потег во натпр…