Дома Трансфер зона Реал сака да си го врати Брахим Дијаз

Реал сака да си го врати Брахим Дијаз


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Реал Мадрид најверојатно на крајот на сезоната ќе си го врати Брахим Дијаз, кој е на позајмица во Милан.

Шпанецот е во сопственост на Реал Мадрид, но веќе трета сезона е на позајмица во Милан.

Италијанскиот клуб може да го купи Дијаз за 22 милиони евра на крајот на сезоната, но Реал има опција да го врати за 5 милиони евра повеќе.

Асенсио нема да го продолжи договорот и ќе замине како слободен агент, а медиумите пренесуваат дека Анчелоти токму во Дијаз гледа негова замена.

Двата клуба се во одлични односи и наскоро ќе имаат средба на која ќе биде одлучена иднината на Дијаз, а доколку Реал одлучи да го врати ќе треба да му плати на Милан 5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Баерн ја дознаа цената на новата француска ѕвезда

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Манчестер Јунајтед и…