Дома Фудбал Реал одредил цена за Иско, но кој е спремен да ја плати?

Реал одредил цена за Иско, но кој е спремен да ја плати?

Иско се уште не го напуштил Реал Мадрид, а не се знае и кога ќе се случи тоа.

Како што пренесува „АС“, Арсенал, Милан и Јувентус го сакаат играчот за врска, но не испратиле конкретна понуда. И самиот фудбалер сака да го напушти Мадрид, сезонава настапи само на 10 натпревари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во овој момент е на „ладење“ кај Зидан, а Реал не е приморан да го продаде во јануари, меѓутоа не се очекува тој долг период да остане во Мадрид.

Оштетата за него би изнесувала 60 милиони евра и тоа е сума која тешко некој клуб ќе ја плати, па Реал сигурно ќе мора да прифати нешто помалку ако сака да го продаде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јасни се деталите за новиот договор на Упамекано со Баерн, постои важен детал

Продолжувањето на договорот на Даио Упамекано со Баерн Минхен веќе е практично сигурно и н…