Дома Фудбал Реал не запира: Перез подготвува нов удар за ПСЖ?

Реал не запира: Перез подготвува нов удар за ПСЖ?

Како што изгледа сагата околу трансферот на Килијан Мбапе заврши.

Мадрид веќе е подготвен да го пречека францускиот голгетер кој би требало да потпише договор на пет години. Но, тоа можеби нема да биде единствениот удар кој летово го подготвува Флорентино Перез за клубот од Париз.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Според информациите на „Фут Меркато“, Реал Мадрид се подготвува да го доведе Луис Кампос кој во ПСЖ има улога на стратешки советник одговорен за трансфери.

Во Реал Мадрид би имал слична улога. Инаку, Кампос во сезоната 2012/2013 година беше скаут на Реал Мадрид. Инаку, ова би било сериозен удар за ПСЖ бидејќи во францускиот гигант очекуваат токму тој да го води летниот преоден рок.

Медиумите за ова лето со ПСЖ поврзуваат фудбалери како: Осимен, Салах, Бернардо Силва…и тоа не е преголемо изненадување ако се знае дека ќе се бара наследник на Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид објави уште еден нов дефанзивец

Реал Мадрид ја финализираше зделката со Бенфика за Алваро Карерас. Тој има 22 години, игра…