Младиот лев бек на Реал Мадрид, Серхио Регулон следната сезона ќе ја помине на позајмица во Севиља, пренесува доброинформираниот „АС“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Регулон во Севиља доаѓа по барање на Јулен Лопетеги, кој му даде шанса на дефанзивецот во првиот тим на Реал минатата сезона.
Шпанските медиуми откриваат дека трансферот ќе биде официјализиран најдоцна до четврток, кога Севиља ќе ги започне подготоките.
Откако пристигна Флоран Менди, јасно е дека за Регулон нема место на „Сантиаго Бернабеу“, а во Севиља сигурно ќе има голема минутажа и ќе собере доволно искуство.
22-годишниот лев бек минатата сезона се проби во првиот тим на Реал Мадрид, но со враќањето на Зидан се пресели на клупата за резерви.