Дома Фудбал Реал Мадрид порачува: Нема да одложуваме натпревари, ќе играме со играчите што ги имаме!

Реал Мадрид порачува: Нема да одложуваме натпревари, ќе играме со играчите што ги имаме!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид се соочува со сериозни проблеми затоа што поради вирусот не можат да сметаат на многу фудбалери, но и покрај тоа „кралевите“ во претходното коло го совладаа Атлетик Билбао на „Сан Мамес“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дури и поради проблемите со вирусот, Реал Мадрид соопшти дека сака да ги игра своите натпревари и не сака да ги одложува натпреварите со што би се направил дополнителен хаос во распоредот.

„Ќе играме со фудбалерите кои ни остануваат, како и со млади фудбалери од академијата“, соопштија од Мадрид.

„Кралевите“ ја освоија есенската титула и имаат осум бода повеќе од второпласираната Севиља, која сезонава им е најсериозен конкурент на ѕвездите на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силекс се засили со младински репрезентативец на Македонија!

Силекс продолжува активно да го засилува играчкиот кадар во летниот преоден рок, а најново…