Дома Трансфер зона Реал Мадрид го враќа Хакими на „Сантиаго Бернабеу“

Реал Мадрид го враќа Хакими на „Сантиаго Бернабеу“

Реал Мадрид нема намера да ја прифати понудата на Борусија Дортмунд за продолжување на позајмицата на дефанзивецот Ашраф Хакими, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според договорот Хакими се пресели во Дортмунд на двегодишна позајмица која истекува на лето. Германскиот клуб сака да го задржи десниот бек уште една година, но Зидан сака да го врати во своите редови 21-годишниот Мароканец.

Хакими блеска во дресот на „милионерите“ и оваа сезона настапи на 26 меча на кои постигна 6 гола и запиша 6 асистенции.

Хакими е дете на школата на Реал Мадрид и ќе го помине истиот пат како и Карвахал, кој после позајмицата во Германија се врати на „Сантиаго Бернабеу“.

Тренерскиот штаб на „кралевите“ верува дека Хакими има иднина во Реал Мадрид и не сака да слушне за негова продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…