Дома Фудбал Реал Мадрид во новата сезона натпревари од Ла Лига ќе игра на стадионот на Атлетико?

Реал Мадрид во новата сезона натпревари од Ла Лига ќе игра на стадионот на Атлетико?

Реал Мадрид би можел новата сезона да ја започне на стадионот на големиот ривал Атлетико.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Марка“ денес објави дека неколку натпревари во новата сезона од Ла Лига „кралевите“ би можеле да одиграат на „Ванда Метрополитано“. Стадионот на Реал нема да биде спремен за почетокот на новата сезона поради реконструкцијата која се уште е во тек.

Со оглед на тоа дека се очекува враќање на публиката Реал би може натпреварите да ги игра на стадионот на Атлетико. Така би можеле да присуствуваат помеѓу 20.000 и 30.000 навивачи што ќе донесе поголема заработка.

Ќе потсетиме, во најголем дел од актуелната сезона Реал играше на својот помош терен „Алфредо Ди Стефано“. Последниот меч на „Бернабеу“ Реал го одигра на 2. март 2020.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голман на Пелистер се пресели во Струга

Македонскиот прволигаш Струга продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име в…