Дома Топ вести Реал Мадрид, Атлетико и ПСЖ ја сакаат новата хрватска ѕвезда

Реал Мадрид, Атлетико и ПСЖ ја сакаат новата хрватска ѕвезда

Динамо Загреб важи за расадник на големи таленти, а минатото лето за 12 милиони евра го продаде Ловро Мајер во Рен.

Хрватскиот плејмејкер одигра одлична сезона за Рен каде на 49 меча постигна 11 гола и запиша 13 асистенции.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Сега е веќе стандарден хрватски репрезентативец, а во татковината го доби епитетот „новиот Модриќ“.

Скаутите на Реал Мадрид веќе подолго време го следат Ловро Мајер, па „кралевите“ сакаат да го донесат во Мадрид како долгорочна замена за Модриќ.

Интерес за 24-годишниот Хрват покажуваат уште Атлетико Мадрид и ПСЖ, па се очекува голема битка за неговиот потпис ова лето.

Цената на хрватскиот плејмејкер во моментов е помеѓу 20 и 25 милиони евра, што нема да биде проблем за споменатите клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Чаби Алонсо може да го замени Тен Хаг на „Олд Трафорд“

Eкипата на Манчестер Јунајтед има катастрофален почеток на сезона, па така на големо се на…