Хесус Ваљехо ќе биде првото летно засилување на Реал Мадрид за наредната сезона, потврди денес весникот „АС“.
Имено, младиот дефанзивец кој минатото лето замина на позајмица во Ајнтрахт веќе се врати во Мадрид поради повреда и нема повеќе да се враќа во Германија бидејќи за него сезоната е завршена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште порано се најавуваше дека Ваљехо со своите партии во Бундес лигата заслужи да се врати во „кралскиот“ клуб, исто како Дани Карвахал пред три години.
Тој во Мадрид пристигна на 18 години од Зарагоса, но поради големата конкуренција не доби шанса во тимот на Зидан.
Ваљехо игра на позацијата стопер и би требало да биде долгорочно решение за „кралскиот“ клуб и наследник на Пепе, кој ова лето ќе го напушти Реал Мадрид.
„АС“ тврди дека Зидан сигурно ќе му даде шанса на Ваљехо следната сезона, па останува да видиме како ќе се покажи овој талентиран дефанзивец.