Дома Фудбал Останато Реакциите не се смируваат: Што ќе се случува ако голманот добие син картон?

Реакциите не се смируваат: Што ќе се случува ако голманот добие син картон?

Во јавноста и понатаму не стивнуваат реакциите по најавата за воведување на син картон во фудбалот.

Идејата е судијата да покаже син картон на играчот кој би бил соодветна казна нешто помеѓу жолт и црвен картон, синиот картон би значел дека играчот кој го добил ќе мора да паузира десет минути.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Но, сега се појави и прашањето што ако голманот добие син картон?

Во случај голманот да добие син картон пред тренерот ќе биде тешка одлука: Дали веднаш да го замени со тројна промена и да испрати еден играч надвор од теренот за резервниот голман да може да влезе или пак играч да застане помеѓу стативите во тие десет минути.

Нема дилеми дека ваквиот картон ќе донесе многу конфузија, ако ИФАБ ја освои иницијативата за воведување. Незадоволство веќе јавно истакна стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп.

„Тоа би бил вистински див запад. Во еден момент може да се случи тимот да има седум играчи бидејќи ќе има проблеми со сините картони“, изјави Клоп.

Исто така се напомена дека ако играчот добие втор син картон, тоа би значело и автоматско исклучување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан спреми нов богат договор за Тео Хернандес

Тео Хернандес е еден од најважните фудбалери на Милан и клубот сака уште долго да го задрж…